Годишен хороскоп за 2017 година: Рак

За вас, 2017 носи многу промени на емотивен и работен план. Навиките кои ги стекнавте во последно време лошо ќе влијаат на вашиот душевен мир, па би било препорачливо да престанете со нив. Ќе имате вишок енергија и инспирација, па ќе можете да се занимавате со нешто што отсекогаш ве интересирало. Ќе успевате да се прилагодите на секоја ситуација во која ќе се најдете. Со задоволство ќе делите и слушате совети од луѓето од окружувањето. Брзо ќе стекнувате пријатели кои имаат слични интереси како и вие.

Кариера

На почетокот на оваа година морате да бидете потрезвени кај работните договори бидејќи може да се случи колегите или шефовите да се обидат да ве надмудрат. Не потпишувајте документи кои не сте ги прочитале и информациите земајте ги со резерва. Ќе сфатите дека единствено на што можете да се потпрете сте самите себеси и ќе станете поскептични конд ругите. Во другиот дел од годината, вашата кариера ќе дојде во тешка ситуација, па можеби ќе донесете одлука да преминете во друга фирма. Ќе бидете подготвени на ризик од кој ќе имате голема корист. Крајот на годината ќе ви донесе работно патување на кое ќе запознаете луѓе со кои ќе соработувате во иднина.

Љубов

Оваа година ќе го дознаете вистинското значење на љубовта. Ќе сфатите дека заслужувате многу и нема да прифаќате нешто што не ви одговара. Подобро ќе ви биде да бидете сами, отколку во лошо друштво. Средината на годината ќе ви донесе познанство со личност која прво ќе ви биде пријател, а потоа со која ќе стапите во врска.

Ако сте во долга врска, можно е да разговарате за принова со вашата сакана личност. Ќе размислувате многу за тоа да бидете родители.

Доколку сте во брак, ќе посветите многу време и внимание на брачниот другар. Ќе ги решите несогласувањата кои ги имавте во текот на претходната година и почесто ќе излегувате, патувате и ќе се дружите со пријателите. Проблемите кои се поврзани со семејството заедно ќе ги решавате.

Финансии

Почетокот на годината ви носи многу трошоци кои не ги очекувавте. Поради тоа, ќе морате да се одречете од луксузот и сите нешта кои не ви се неопходни. По неколку месеци ќе се опоравите и ќе почнете да штедите за славењето што ве очекува. Размислувате да земете кредит за автомобил или стан. Доколку сте сопственик на фирма, ќе побарате стручен совет во врска на вашето работење и набавката на нова опрема. До крајот на годината ќе осмислите план и вашето управување на финансиите ќе добие нов облик.

Здравје

Би било добро во текот на оваа година да посветите повеќе внимание на вашето здравје. Би требало да направите крвна слика и да го проверите шеќерот. Ќе почнете да вежбате, бидејќи ќе чувствувате голема потреба за тоа поради болката во грбот и долгото седење пред компјутер. Можно  е на крајот на годината да имате рутинска операција по која повеќе ќе се придржувате на советите на лекарите. Иако нема да биде ништо сериозно, сепак ќе сфатите дека нивните совети се добронамерни.