Годишен хороскоп за 2017 година: Лав

2017 ќе биде година која ќе го извлече најдоброто од Лавовите.  Ќе пребродите многу тешки моменти и ќе бидете посилни од било кога. Во вашето окружување ќе се случуваат многу промени па ќе морате да се прилагодите на секоја од нив.И понатаму ќе ве оптоваруваат работи од вашето минато, но ќе сфатите дека морате да се тргнете и да престанете да размислувате за нив. Ќе бидете соочени со неочекувани предизвици кои ќе бараат многу внимание и време. Ќе успеете да направите листа на приоритети и ќе ги остварите своите желби и амбиции. Добро ќе се сложувате со членовите на своето семејство и ќе ги слушате нивните добронамерни совети. Ќе најдете одговор на сите прашања кои ве мачеа во изминатиот период и ќе се свртите кон иднината. Личноста која ве има повредено, повторно ќе сака да биде дел од вашиот живот, но вие нема да сакате да се враќате на старото.

Кариера

Оваа година напорно ќе учите и работите, а резултатите ќе ги видите дури по неколку месеци. Ќе се обидете да остварите подобра комуникација со колегите и надредени кои за вас ќе имаат само зборови за пофалба. Сите ќе забележат дека сте станале посериозни и поодговорни, па со вас ќе соработуваат одлично. Бидејќи ќе имате повеќе обврски, ќе морате да ја смените својата рутина и нема да можете да излегувате и да се дружите како порано. Тоа нема да ви падне толку тешко, бидејќи ќе бидете свесни дека морате да направите нешто – некаква жртва за да го добиете тоа што го сакате. Немојте да ги мешате пријателството и работата, бидејќи голема е веројатноста дека вашиот однос никогаш нема да биде како претходно.

Љубов

Во текот на 2017 година ве очекува прилично бурен период. Ќе морате да донесете одлуки дали сакате да се посветите на приватните или работни обврски. Ќе имате чувство дека вашата сакана личност не ве следи и дека имате различни планови за иднината. Можно е да побарате мала пауза за да сфатите што е најдобро за вас.

Оние кои се во брак ги очекуваат бројни искушенија. Не дозволувајте вашето семејство да се меша во вашиот живот, бидејќи од тоа нема да излезе ништо добро. Чувајте го тоа што го имате, бидејќи во спротивно ќе зажалите.

Претставниците на овој знак кои се слободни на почетокот на годината ќе запознаат личност, која многу лажно ќе им се претстави.

Финансии

Оваа година ве очекува поволен финансиски период. Одлично ќе се движите низ работните победи и нема да дозволите туѓиот сомнеж или предупредувања да влијаат на вашата заработувачка. Од првата заработувачка ќе ги исплатите своите долгови во кои западнавте претходните месеци. Но, би било добро да не ги потрошите сите пари кои ги имате, бидејќи тие ќе ви бидат потребни. Ќе имате изненадни расходи, па штедењето одлично ќе ви помогне.

Здравје

Во текот на 2017 година вашето расположение ќе биде променливо. Доклку имате хируршка интервенција, многу брзо ќе се опоравите. Средината на годината ќе ви донесе депресија, поради која нема да сакате ниту да станете од кревет. Ќе ви биде јасно дека нешто не е во ред и нема да ви биде проблем да побарате помош. Ќе се посветите на себеси и на оние кои ви значат и тоа ќе ви помогне да се чувствувате добро. Внимавајте на исхраната, особено за време на празниците. Конзумирајте калциум.