Годишен хороскоп за 2017 година: Бик

2017 ќе биде успешна за претставниците на овој знак, кои ќе имаат повеќе енергија и флексибилност па ќе започнат нови проекти, кои претходно ги имале во план. Вашата креативност ќе дојде до израз и своите таленти ќе ги покажете на работното место. Амбициозноста е особина која ќе ве краси во идниот период па така ќе постигнете повеќе успеси од претходно. Ќе запознаете нови пријатели и ќе ги проширите своите видици. Ќе бидете на сите страни па може да се случи да ги запоставите луѓето кои ви значат. Ќе ви изгледа како времето брзо да поминува и дека не можете ништо да постигнете. Единствено што може да ви одмогне е нетрпеливоста која не умеете да ја контролирате па за некои резултати од вашата напорна работа ќе треба малку повеќе да почекате.

Кариера

 Во текот на 2017 година ќе напредувате во работата, што ќе ве натера во целост да се посветите на тоа. Може да се случи да запишете курс или факултет кој отсекогаш ве интересирал. Доколку студирате, оваа година ќе можете да ги положите сите испити во рокот. Надредените ќе го ценат вашиот труд и ќе ја уважуваат секоја ваша сугестија. Можно е да ви се доверат важни проекти, кои ќе ги усовршите уште повеќе. Ќе се соочувате со нови работи, кои сигурно ќе ги совладате сами или со нечија помош. Ќе бидете полни со елан и позитивна енергија и ќе ви одговара тоа. Во 2017 ќе остварите контакти кои ќе ви бидат од корист во натамошната кариера.

Љубов

2017 година ќе реши многу недоумици кои се врзани за вашиот љубовен статус. Веќе нема да се лажете себеси и да очекувате нереални работи. Ќе бидете искрени со себе и со другите и нема да се разочарате.

Доколку сте слободни, може да се случи да запознаете личност која на почетокот нема да ви се допадне. Но, со тек на времето ќе се сфатите дека тоа е личност која е достојна и вредна за вашето внимание и која е добра прилика за вас.

Ако сте во брак, оваа година ќе ги решите сите несогласувања кои се случуваа во изминатиот период. Повеќе време ќе и посветите на саканата личност и повторно ќе се случувате како заљубени тинејџери. Многу работи ќе правите заедно и ќе се чувствувате поблиски од било кога.

Финансии

Кога станува збор за финансиите, годината ќе биде полна со промни и колебања. Ќе имате многу непредвидени трошоци поради кои ќе морате да  позајмите пари или да земете кредит. Луѓето кои вам ви се должни ќе бидат и во полоша ситуација од вас, па ќе не можете да се потпрете на нив. Дури на крајот на годината ќе имате  можност да здивнете и да си се почестите себеси со некое патување или скапа ситница. Ќе ви биде драго што поминало најлошото и што ќе можете да се вратите на старите навики.

Здравје

На почетокот на годината ќе имате помали здравствени проблеми кои ќе ве натераат да водите повеќе сметка за себе. Ќе се трудите да ги избегнете стресните ситуации и луѓето во чие присуство најдобро се чувствувате. Конечно ќе отидете на лекарск преглед кој долго го одложувавте. Ќе треба да внесувате повеќе овошје и зеленчук, но нема да можете да се откажете од цигарите  и омилените специјалитети. Секаде ќе одите пеш, но ќе морате и да се занимавате со некоја дополнителна активност. Штом имате време и пари, посетете го вашиот стоматолог.