Гоце скршен по смртта на Ванчо: „Од тага, веќе нема да стапнам на тоа место!“

Во Драмскиот театар денеска се одржа комеморација за великанот Ванчо Петрушевски, а говореше и Гоце Тодоровски со солзи во очите.

Актерот потсети на животот и делото на Петрушевски, за одиграните улоги, настапи, награди, за неговата умешност и шарм, зборуваше за неговата пасија-сликарството, за викендицата во Орешани.

-Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно. Викендичката во Орешани беше омиленото место на Ванчо, често бевме таму и заедно. Од тага, веќе никогаш нема да стапнам таму, рече низ солзи Тодоровски.

Глумецот не успеа да го прочита напишаниот говор, па го фрли ливчето што го држеше во рацете.

-Твојот уникатен талент и актерско мајсторство не можат да се копираат, додаде Гоце.

– Неговата актерска игра се одликува со ненаметливост и спонтаност, со виртуозно обликување на комични и трагични ефекти со што ги плени  театарските гледачи и тие стануваат негови обожаватели. Ванчо Петрушевски го вбројуваме во редот на ислучителни актери. Во реализацијата на неговите улоги пристапува со препознатлив такт, истенчен вкус со бараната и добра мерка, рече Тодоровски, додавајќи дека со Ванчо Петрушевски биле пријатели 57 години.