Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело обид за убиство, мотивирано од крвна одмaзда.

Како што информираат од обвинителството, настанот се случил на 24 септември минатата година, на крстосница меѓу улиците „Дурмиторска“ и „Алија Авдовиќ“, каде нападнатиот преку социјална мрежа договорил средба со непозната девојка.

Откако со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со фантомка на главата, додека од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон автомобилот на оштетениот, притоа нанесувајќи му тешки повреди опасни по живот.

На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност дека ќе го повтори делото.

Притоа, обвинителот особено ја истакнал околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив се уште постои кај обвинетиот