Го истепале па го удриле со автомобил и го возеле 100 метри на хауба

Драма во скопско Радишани, добил ќотек пред сопругата и ќерката

Во текот на вчерашниот ден околу 20:00 часот во Единицата за известување и командување, В.Р. (39) од населба Радишани-Скопје пријавил дека околу 17.30 часот физички бил нападнат од две непознати лица.

Додека В.Р. се движел по ул. „Радишанска“ со неговото патничко возило „Ланд Ровер“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле неговата сопруга и неговата ќерка, во еден момент патничко возило „Пасат“ со непознати регистарски ознаки, кое се движело пред него, без предупредување нагло закочило.

Изреволтиран поради постапката, В.Р. го сопрел своето возило, излегол и се упатил кон возилото пред него. По кратка расправија, од возилото излегле две непознати лица и физички го нападнале В.Р., кој загрозен за неговата сигурност, почнал да им возвраќа на ударите.

Откако некој од присутните пријавил во полиција, едното лице избегало, а другото влегло во возилото и со возилото го удрил В.Р., кој паднал на хаубата и со главата го удрил ветробранското стакло.

После 100 метри возилото закочило и В.Р. паднал од хаубата. Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на настанот.