Го имаме првиот скопјанец милионер за 2017 година

Првиот среќен добитник на Милионер џек пот на Државната видеолотарија во 2017 година е М.М. кој освои 1.676.401 денари.

Државната видеолотарија на Македонија денеска соопшти дека добивката е освоена на 10 јануари во 17:26 часот во  Спорт Лаиф Трејд во скопско Шуто Оризари.

М.М. е редовен играч на видеолотариските терминали на Државната видеолотарија на Македонија, а ова е негова прва добивка. Со парите од добивката првично планира да купи нов автомобил.

Во 2016 година имаше вкупно 25 добитници на Милионер џек пот. Рекордниот износ беше 1.794.419 денари и беше освоен на почетокот на декември во Вемакс Тобако во Кичево, минатата година.

Државната видеолотарија на РМ ги стартуваше добивките Џек пот на 1 јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 26 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 37.827.187 денари. Покрај нив, освоени се и 3382 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 25.371.237 денари.

Мината година на 12 октомври, под мото Играј за забава започна и промотивниот караван низ Македонија,  кој носи многу изненадувања, промотивни ваучери, подароци и забава. Досега се реализирани промоции во Прилеп, Битола, Кичево, Гостивар, Тетово, Македонски Брод, Охрид, Струга, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Штип, Струмица, Дојран, Валандово, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Неготино и Богданци.