"Го градам мојот град" во Детскиот културен центар „Карпош"

Детскиот културен центар “Карпош“ и оваа година традиционално ја организира манифестацијата посветена на предучилишните установи,а во чест на градот Скопје,“ ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“-2018.

Оваа манифестација имаше за цел да ги истакне детските творечки способности,детската креативност,а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење за градот во кој живеат.           

Секоја градинка како и секоја година ја претставуваше екипа од 5 деца, а објектот кој се градеше е по нивен избор,како и градежниот материјал што ќе го користеа (коцки,цртежи,природни материјали како лисја,дрвца и друго ).

Манифестацијата “Го градам мојот град “-2018 се одржа во просториите на Детскиот културен центар “Карпош“.

За градинките учесници на оваа манифестација беа доделени симболични подароци во знак на благодарност и соработка.