Глоби за непочитување на законски обврски при чување миленик

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, сопствениците се обврзани да дејствуваат на хуман и грижлив начин со животните. Како едно од основните правила кои важат за сопствениците е дека не смеат да ги напуштат своите миленици. 

За непочитување на Законите следуваат казни во парична вредност. 

Листата на глоби за плаќање е следна: 

Глоба во износ на 10 до 15 евра за физичко лице, а за правните лица 100 евра во денарска противвредност ќе се изрече ако: 

-Лицето не го пријави своето куче еднаш годишно во ветеринарна амбуланта или клиника кои се овластени за ветеринарно здравствена заштита од јавен интерес. 

-Не истакне табла која укажува на присуство на куче во дворот. 

-Кога на јавно место кучето не се држи врзано 

-Не го пријави леглото на своите животни во овластена ветеринарна амбуланта или клиника, не ги идентификува младенчињата и не ги пријави лицата кај кои ги вдомиле. 

-Ако одгледувачниците не водат евиденција за милениците и истата не ја чуваат три години. 

Глоба во износ од 50 до 75 евра за физичко и 500 евра за правно лице во денарска противвредност доколку: 

-Не се дејствува на хуман и грижлив начин со животните. 

-Напуштање на животното 

-Поттикнување агресивност на животното кон други животни 

-Осакатува животни и врши хируршки зафати поради естетски и други причини 

-Не обезбедува услови за чување на агресивно куче 

-Опасното куче на улица не е придружувано од полнолетно лице 

-Се обложува на борба со животни за било кои намени 

Глоба од 150 до 225 евра на физичко и 1.500 евра за правно лице со денарска противвредност ако: 

-Се извршува хируршка интервенција без целосна или локална анестезија и предизвикува непотребна болка и страдање кај животното 

-Врши девокализација, осакатување на канџи и обеззабување 

-Интервенциите не се извршени од страна на ветеринар 

-Глоба во износ од 600 до 900 евра за физичко и 6.000 за правно лице во денарска противвредност ако: 

-Се предизвикува болка, патење и повреди, суровост и нехумано се однесува кон животните или ги убива 

-Лицето е вклучено во поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни