„Ѓурологија“ пред македонската публика

Популарниот и наградуван сараевски актер, режисер, хуморист, „надреалиста“ – со еден збор, човекот институција Бранко Ѓуриќ - Ѓуро, лично ја кани македонската публика на своето стендап-шоу „Ѓурологија“.

Ѓуро доаѓа во Скопје да ја разбие целата монотонија, и тоа со две ексклузивни шоуа, на 5 и 6 јуни во Македонската опера и балет. Со босански шарм и долгогодишно актерско искуство, кое посебно се истакна во култниот проект „Топ листа надреалиста“, публиката дефинитивно ќе ужива во претставата „Ѓурологија“.

Бранко Ѓуриќ - Ѓуро секогаш е актуелен и забавен, па по повеќе од дведецениската кариера се чини дека дури и не мора да направи нешто ново – тука се: „Топ листа надреалиста“, легендарните стари филмови, хитовите на „Бомбај штампа“…

Иако самиот вели дека квалитетот на хуморот не е променет, туку луѓето денес поретко се смеат, со својот нов хит „Ѓурологија“ тој го покори регионот со смеењето како значајна терапија против суровото секојдневие.

Билетите за „Ѓурологија“ сè уште се во продажба и можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија, „Југотон“, како и онлајн.