Ѓумбирот е еден од најраспространетите зачини во светот. Има необична арома, но сите веднаш ја препознаваат. Освен тоа, ѓумбирот има лековити својства, поради што би требало секојдневно да го консумираме.

Ублажување на мачнина

Ѓумбир е токму ублажување на мачнината. Може да ја спречи мачнината и повраќањето. Ѓумбир е одличен и за бремените жени кои имаат проблеми со утринските мачнини.

Го намалува нивото на стрес

Ѓумбир има делува смирувачки на телото и умот. Може да го намали нивото на стресот и да ја ублажи напнатоста. Само една шолја на чај може значително да го подобри расположението. Остава чувство на свежина и смиреност подолго време. Кога сте под стрес, немојте да посегнувате по нездрави форми на опуштање, туку испијте шолја чај од ѓумбир  кој е докажано дека го намалува нивото на кортизон во телото.

Ја подобрува циркулацијата

Витамините, минералите и амино-киселините во ѓумбирот ќе ја подобрат циркулацијата на крвта и ќе го намалат ризикот од заболувања на срцето и крвниот систем. Исто така, ќе спречи формирање на наслаги во артериите и значително ќе го намали ризикот од срцев и мозочен удар.

Ги олеснува менструалните проблеми

Ѓумбирот се користи во кинеската традиционална медицина за ублажување на менструалните грчеви. Жените кои страдаат од силни менструални грчеви, можат да го користат редовно. Набрзо ќе забележите како се опуштаат мускулите, а болката се намалува.

Го подобрува варењето

Ѓумбир значително ќе ја забрза работата на дигестивниот систем и ќе ја подобри апсорпцијата на хранливите материи. Исто така, ќе се намали надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување. Ѓумбир ќе го регулира апетитот.

Ги ублажува мигрените

Ѓумбирот е многу ефикасен при ублажување на мигрената. Значително ќе го намали хроничното воспаление, кое е водечки фактор на ризик од настанокот на мигрената.

Ги ублажува симптомите на артритис

Ѓумбирот има одлично против воспалително дејство, и ќе ги ублажи болките во зглобовите кои го предизвикуваат артритисот.

Ја зголемува плодноста

Ѓумбирот во древната кинеска медицина се користел како афродизијак. Исто така, се верува дека ја зголемува плодноста кај машките. Некои истражувања покажале дека секојдневната консумација на ѓумбирот ја зголемува концентрацијата на сперматозоиди и помага при еректилна дисфункција.