Ѓубрето од Струга ќе заврши во Скопје

Избрани се компаниите кои ќе треба да го решат проблемот со дивата депонија во Струга, која подолг период веќе претставува опасност за животот на стружани.

За 40- тина дена ќе биде транспортиран сметот од струшката дива депонија до скопска Дрисла.

Општина Струга на јавен тендер избра компании кои ќе ги постават контејнерите, ќе го пренесат сметот и целосно ќе ја конзервираат постоечката депонија. Активностите на депонијата ќе започнат за некој ден, а целата постапка ќе чини околу 400 илјади евра.