Ѓубре и диви депонии ја „красат” Македонија

Ѓубре и диви депонии, можат да се забележат на секоја страна. До кој степен може да оди совеста на луѓето.

Во сред центар ѓубре, па планина исто така. Секој неискористен простор се користи за дива депонија.

Несовесни лица исфрлаат отпад на  локации во неготинско, диви депонии се регистрирани и по винските патишта кои водат кон некои од селата кои се познати по производството на квалитетно грозје од кое се прави квалитетно вино.

Во овој дел доаѓаат голем број на туристи, како од Македонија, така и од странство, па ова е онаа слика, која ја даваме за нашата држава. 

Ѓубре и диви депонии има и во околината на Скопје, каде и доаѓаат најголем број на туристи. Има и на патот кон Охрид. Кој е виновен за тоа. Дали надлежните, дали луѓето. Колку треба да ти биде ниска совеста за да фрлаш ѓубре таму каде што не му е местото...