Ѓорѓе Балашевиќ: Постојат милион градови во кои можеш да одиш, но само еден во кој можеш да се вратиш

Ѓорѓе Балашевиќ е една од иконите на нашето време. Тој пишува за неостварената љубов, за спомените, за животот, но и политиката.

Ова се некои од неговите најпознати стихови.

Луѓето се како школки – морате да отворите 1000 од нив за да пронајдете бисер.

Залудно е, животот не ни носи упатство за употреба и секој тоа го прави како умее: занемуваме кога би требале да викнеме, се смееме кога би требале да плачеме, се навредуваме кога би требале да се радуваат. Влегуваме во погрешен вагон, се симнуваме станица порано или подоцна.

Дамите бираат... Најчесто избираат клошари.

Има тишини на кои се сеќавам повеќе од најубавите зборови.

Со тагата треба да се умее. Таа е како старица која продава каранфили по кафаните, упорно се правиме дека не ја забележуваме, па кога тогаш ќе се сврти и ќе си замине, иако на прва ни изгледа дека ќе остане вечно до масата. И, внимавај ако и обрнеш само малку внимание, готов си. Бидејќи таа никогаш  не го заборава лицето на галантните муштерии. И никогаш нема да ве заобиколи.

Едно е кога патиш за некој кој е далеку, а сосема друго кога таа личност е до тебе.

Среќните никогаш не размислуваат за среќата. Тоа е за несреќните.

Постојат милион градови во кои можеш да одиш, но само еден во кој можеш да се вратиш.

Што е тука е, само уште еден од оние месеци кога не ти оди.

За некому е важно со кого ќе отиде на спиење, а за други со кого ќе се разбудат.

Секогаш останува едена личност која ќе ја сакаш цел живот и оној страв додека ги броиш победите и поразите. За некои приказни за љубовта, секогаш недостасуваат последните страници.