Ѓорческа се искачи на 180. место на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оваа недела се искачи на 180 место на ВТА листата што е нејзин најдобар пласман во кариерата. Таа има вкупно 300 поени.

На следното рангирање најдобрата македонска тенисерка ќе има нов напредок од околу 10-тина места, бидејќи поените од фјучрсот од Рим не и се запишани.

Ѓорческа има скок од две места и на листата во двојки каде со 580 поени се наоѓа на 130. место.

Следниот настап Ѓорческа треба да го има во квалификациите на Ролан Гарос.