Ѓорческа поразена на финалето во Бол

Лина Ѓорческа и нејзината патнерка бугарката Александрина Најденова загубија во големoто финале на силниот ВТА турнир во Бол.

 Македонско-Бугарската двојка не најдоа решение за првите носителки Тајландско-Чешката комбинација во битка за титулата. Чуанг и Ворацова ја оправдаа фаворитската улога и за еден час и 10 минути игра го добија дуелот со убедливи 6-4 и 6-2 во гемови. За Ѓорческа ова беше прво финале на еден турнир од ВТА 125 серија. 

 Претходно настапи и во поединечна конкуренција, но загуби уште во второто коло од србинката Ивана Јоровиќ. По овој пораз Ѓорческа ќе добие нови 95 поени и 2.700 долари.