Македонската тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра во квалификациите на Грен Слем турнирот Ролан Гарос.

Тоа и што се очекуваше според пласманот и се оствари. Ѓорческа која во моментов е на 180 место на ВТА листата, ќе игра во квалификациите со рангот од претходната недела кога беше на 182 места.

Вкупно 88 тенисерки според пласманот ќе играат во квалификациите, додека ќе има и неколку кои ќе настап со „вајлд карти“.

За пласман на главниот турнир потребно е да се остварат три победи односно да се минат три квалификациски кола.