Ѓорческа експресно до четвртфиналето во Тунис

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 1/4 финалето на фјучрсот во Тунис (награден фонд 60.000 долари).

Таа експресно за 52 минути ја совлада квалификантката од Франција Јулија Вулпио со 6:3 и 6:0 во гемови.

Во 1/4 финалето нашата тенисерка ќе игра против тенисерка од Шпанија, односно со поуспешната од мечот меѓу Силвија Солер-Еспиноза (4.носителка) и Георгина Гарсија Перез.