Ѓорче и Карпош утрово со најлош воздух во Скопје, ширум земјава голема загаденост

Со намалувањето на температурите и загадувањето очекувано драстично се зголеми, па така утрово во поголемиот дел од градовите ширум Македонија забележано е зголемено загадување. Во Скопје воздухот е со најлош квалитет во Ѓорче Петров - 89 микрограми ПМ 10 честилки на метар кубен, а зад него е Карпош со 74. 

На национално ниво утрово Битола, Струмица и Куманово се најкритични, а ниту во Тетово состојбата не е многу подобра.