Ги уништуваме најубавите денови од својот живот, а не сме ни свесни за тоа

Колку често се заглавуваме себеси во круг на грижа, страв и деструктивно размислување? Колку често губиме фокус од нештата кои ни значат? И, колку често се чувствуваме како да „тапкаме во место“?

Одговорот на овие прашања можеме да го добиеме само преку  рационално размислување. На тој начин, ќе ни биде полесно да си ги забележиме лошите навики и начинот на којшто тие влијаат на нас и да ја забележиме целата наша ефективност.

Потребно е да размислиме за овие нешта:

Ги уништуваме најубавите моменти со обидот да станат дел од нашите телефони – ништо не е вечно. Не правиме ништо ако поминеме долго време обидувајќи се да го фатиме совршениот кадар само да за биде виден и лајкуван од другите луѓе. Доволно е само да уживаме во убавиот момент, без да се мачиме да не ни избега истиот.

Постојано се прашуваме каде сме –се плашиме од нашето патување, од тоа дали нашата среќа ќе потрае и многу копнееме нашата тага да ја снема веднаш откако таа ќе се појави. Обидете се да не ги трошите вашето време и енергија борејќи се со тоа каде сте во моментов. Наместо тоа, бидете среќни со тоа што го имате и фокусирајте се на тоа каде сакате да стигнете, но ден по ден и чекор по чекор.

Се заразуваме со безначајни работи – го трошиме целото наше време создавајќи врева околу себе и обрнувајќи внимание . Се врзуваме за социјални мрежи, лајкови, неважни кавги, на безначајни работи кои нема да значат ништо по некое време.

Бркаме погрешни нешта– научени сме да веруваме дека повеќе ќе бидеме сакани и ценети во свет во кој имаме совршена кариера и совршени пријатели, но не сфаќаме дека едноставноста е во нашите пријатели од детството и младоста, смеата со нив и малите нешта кои ни носат поголема среќа  од било што.

Ја одложуваме среќата – понекогаш знаеме што може да нè направи среќни, но постојано го одложуваме тоа, мислејќи дека сега не е вистинскиот момент за тоа. Но, среќата всушност е состојба, таа не е дестинација. Таа доаѓа со малите нешта, нашиот напор да бидеме среќни и да се препуштиме на убавината на секојдневните моменти.

Преоптеретени сме со различни нешта – размислуваме како да го одложиме кафето со луѓето на кои им ветивме, а не ни се најомилени.  Постојано проверуваме известувања на социјалните мрежи и чекаме да нè изненади нешто, но тоа не се случува, бидејќи не си дозволуваме да живееме.

Зафатени сме, но не и продуктивни – трчаме наоколу, со милион обврски, но го мешаме движењето со прогрес. Тоа што правиме нешто или тоа што правиме милион нешта одеднаш не ни помага да бидеме успешни или продуктивни.

Постојано се жалиме – зборуваме за обврските, распаднатите пријателства, се жалиме за времето, за нештата кои веќе се поминати, но тоа не ја менува нашата реалност. Од друга страна, можеме само да избереме да бидеме малку попозитивни.

Ги обвинуваме другите за нашите неволји – сакаме да ја префрлиме одговорноста на другите луѓе, наместо да преземеме одговорност за своето живеење.