Ги поместивте ли часовниците еден час напред?

Од денеска почна летното сметање на времето, а во 2 часот ноќва, стрелките на часовникот се поместија еден час напред. Со тоа и официјално почнува летното сметање на времето, и ќе трае до последната недела од октомври.

Некои научници сметаат дека поместувањето на стрелките од часовникот, предизвикуваат стрес кај одредени луѓе, особено оние кои се со хронични болести.