Германските медиуми ја нарекуваат “мала ѕверка“, а таа е голема гордост за Македонија (ФОТО)

Македонското девојче Илина Соколовска се пласира во полуфиналето на првенството во Германија во ритмичка гимнастика.

Илина го освои третото место на натпреварот што пред неколку дена се одржа во Германија, а се натпреваруваше со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале.

Илина има само 12 години, но поради големиот талент настапува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години.

Се натпреваруваше со многу голема конкуренција.  Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората.  Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени.  Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми.

Колку е сериозен натпреварот покажува и фактот што ги оценуваа 32 судии. Но, тоа не е проблем за „малата ѕверка“, како што ја нарекуваат Илина медиумите во Германија.

Колку е таа успешна покажува и фактот што Илина веќе ја препознава и публиката во салата и секој нејзин настап е проследен со аплауз.  Настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите.

Илина е по потекло од Скопје, но со семејството живее во Германија. Досега на сите натпревари освојувала награди а минатата година на првиот интернационален настап во Украина беше прогласена за принцеза на овој спорт.