Спорт
5. Јануари 2017 - 16:28

Германскиот тренер пристигна во Скопје (фото)

Томас Брдариќ, новиот тренер на Шкендија пред малку слета на скопскиот аеродром каде што беше пречекан од дел од раководството на тетовскиот клуб.

 Германецот Томас Брдариќ веќе е во Македонија и се очекува во текот на денешниот ден, или најдоцна утре да биде промовиран како нов шеф на струката на Шкендија. Брдариќ пред малку слета на скопскиот аеродром каде што беше „уловен“ од страна на фотографот на „Македонски спорт“.