Германскиот филм „За една девојка (Шарлин става крај)“ вечерва во Кинотека

На филмската вечер која ќе се одржи денеска во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот,  ќе се прикажува германскиот филм „За една девојка (Шарлин става крај)“.

Режија: Марк Монхајм, во боја, 105 мин., 2013/14

Шарлин, уште на неполни 16 години, преживеала обид за самоубиство и сега се обидува да се смири. Тоа не е едноставно: Татко Џеф бил исфрлен од мајка Сабине, таа живее само со наставникот по билогија на ќерката, има расправија со другарката Иса – и потоа Шарлин кај нејзиниот хаотичен психотерапевт го сретнува токму Линус, непопуларниот бубалица од класот; двајцата стануваат блиски. Во својот прв игран филм „ЗА ЕДНА ДЕВОЈКА“ Марк Мохнајм раскажува малку иронична приказна за периодот на растење, кога патот од збунетост води кон радост на животот.