Германија со авиони ги носи сезoнските земјоделски работници од Источна Европа

И поркај рестрикциите и забраните за патување во рамки на европските земји, два авиони вера слеаат во Берлин и Дизелдорф полни со работници од источно европските земји.

Ова е дел од амбициозниот план на Германија за решение на големиот проблем со недосток на сезонски работници за да се соберат земјоделските плодови од полињата.

Повеќето од сезонските работници потекнуваат од источноевропските земји како Романија, Бугарија, Украина и Унгарија, каде што платите се многу пониски отколку во Германија.

Според новата програма, работниците треба да слетуваат во Германија во контролирани групи – за да се спречи можна инфекција на други луѓе и да бидат подложени на лекарски преглед по пристигнувањето.
Потоа, работниците две недели треба да живеат и работат одделно од другите работнции и задолжително да носат заштитна опрема.

Најавувајќи ја програмата, министерката за земјоделство на Германија, Јулија Колокер рече дека станува збор за „прагматично и целно ориентирано решение“ кое ќе овозможи 40.000 сезонски работници да влезат во земјата во април, а други 40.000 во мај. Таа рече дека се надева да се најдат дополнителни 20,000 во текот на два месеци кај сопствените невработени во Германија, студенти или баратели на азил.

„Ова е важна и добра вест за нашите земјоделци“, рече таа. „Бидејќи жетвата не чека и сеењето на нивите не може да се одложи“.

Заинтересираните работници треба да се регистрираат преку Интернет со цел нивните податоци да се проверат од страна на сојузната полиција.
За носење на земјоделскиоте работници склучен е договор со авионската компанија Еurowings.

Досега, за април се регистрирале 9.900 лица, а други 4.300 за мај.

Летовите потоа се организираат за да се соберат групите. Првата група на работници, 530 лица од Романија, пристигна во четвртокот во Дизелдорф и Берлин, соопшти „Еуроувингс“.
Понатамошни летови веќе беа планирани за Дизелдорф, Карлсруе, Лајпциг, Нирнберг и Франкфурт. (Извор - Извоз.мк)