Германија, Шведска и Норвешка бараат работници - како и каде да аплицирате?

Работа во Норвешка

Норвешка е прекрасна земја во која секој би сакал да живее. Со оглед на тоа што нуди одлични услови за живот, голем број луѓе се обидуваат да пронајдат работа токму во оваа земја, а меѓу нив сигурно се и поголем дел од вас.

Токму затоа, во продолжение ви нудиме што е потребно за да стигнете до работа во оваа земја.

Критериуми за имиграциски работници

Како квалификувани работници, мора да ги исполните строгите барања за имиграција. Ако не сте од земја членка на ЕУ, ќе имате само 6 месеци да пронајдете работа (3 месеци туристичка виза, плус 3 месеци продолжување за оние кои бараат работа. Не заборавајте да аплицирате за ова продолжување при барањето на работа што е можно поскоро и имајте во предвид дека треба да ги исполните барањата за живот и за приходи. Дури и ако добиете понуда за работа, мора да ги исполните одредените барања за плата.

Компаниите мораат да платат минимална плата од 412.600 норвешки круни доколку имате магистратура и 382.900 норвешки круни ако сте дипломирани. Со ова се обезбедува имигрантите да добијат еднаква плата за еднаква работа на исто ниво како и Норвежаните. Сепак, ова може да биде огромна пречка бидејќи многу луѓе може да добијат понуди за работа од помали компании и старт ап компании. Платите се прилично конкурентни и на работодавците ќе им биде потребна добра причина да ве вработат за таа плата наместо да вработат Норвежанец. Повеќе информации можете да погледнете ТУКА.

Она што треба да го знаете и на што треба да бидете подготвени е дека наоѓањето работа е доста конкурентен процес, а ако не сте од Норвешка, има малку место за вас. Но, постојат некои работи што може да ви помогнат:

Волонтерство - Мора да запознаете луѓе таму. Волонтирајте, приклучете се во групи, одеете на настани со цел да ја искористите вашата можност.

Научете норвешки - Не постои шанса да го научите јазикот за само неколку месеци, меѓутоа доволно е да знаете разговорен норвешки за да докажете дека веќе учите.

Запознајте го вашиот сектор - Моментално, најмногу работа има за програмерите и технолошките старт ап компании. Направете истражување и видете како вашиот индустриски сектор стои, па врз основа на тоа направете ја вашата одлука.

Високо образование/работници - За работниците со високо образование конкуренцијата е голема и работните места се прилично ограничени. Тоа важи и за обичните работници - не може едноставно да одите во Мекдоналдс и да очекувате луѓето да ви речат: „Фала што се појави, вработен/а си“.

Штедете - Норвешка е скапа. Ќе ви бидат потребни околу 2.000 евра секој месец.

 

На Германија ѝ се потребни работници од Балканот

Германскиот пазар на труд и понатаму се развива позитивно - вработувањето расте брзо и побарувачката за работна сила се зголемува.

Оваа земја стана атрактивно место за барање работа поради условите за работа што ги нуди, и добрата плата. Она што ѝ недостасува е стручна работна сила и во рамките на ЕУ и надвор од неа. Западниот Балкан, Северна Африка и земји како Мексико се во фокусот на оваа земја за пронаоѓање на работници - првенствено (машински) инженери, компјутерски експерти и здравствени работници (негуватели).

Покрај професионалната квалификација, најголема пречка за добивање на работно место е јазикот. Меѓутоа, степенот на знаење на јазикот зависи од професијата. Така на пример, доколку сте програмер и сте дел од ИТ секторот, поважно е да знаете англиски јазик, меѓутоа доколку сте здравствен работник и работите со стари и болни луѓе, односно доколку сте во директен контакт со пациенти или клиенти, потребно е познавање на германскиот јазик.

Како што велат германските официјалци, посредувањето на работа на експерти од странство е во интерес од двете страни.

Работа во Шведска

Составете соодветна професионална биографија (CV)

Биографија или CV (исто така позната како резиме), претставува кратка биографија на вашето професионално искуство. CV-то треба да биде долго една до две страници и да вклучува преглед на досегашното работно искуство на апликантот, образованието, достигнувањата или наградите, посебни вештини и референции. Контакт информациите секогаш треба да бидат вклучени на врвот на првата страница.

Пример за биографии:

Пример CV 1: готвач
Пример CV 2: инженер
Пример CV 3: медицинска сестра

Што треба да содржи вашето мотивациско писмо?

Во мотивациското писмо (personligt brev), на една страница, треба да потенцирате зошто сте вистинската личност за позицијата за која аплицирате. Наместо едноставно да ги набројувате вашите заслуги и успеси во кратката биографија, обидете се да направите врска помеѓу она што компанијата го бара за конкретното работно место и вашите вештини и искуства. Ова е вашата прилика да му покажете на работодавачот зошто токму вие сте најдобрата личност за таа работа.

Други потребни документи?

За некои професии можно е работодавачот да побара и други дополнителни документи или примероци од досега извршена работа, како што се портфолио или поседување соодветни сертификати. Доколку не сте сигурни што точно се бара, можете директно да се обратите до работодавачот и да побарате појаснување или да ги контактирате соодветните професионални здруженија/синдикати или комори.

Линкови до шведските синдикати/здруженија

Шведската конфедерација на синдикати (LO)
Шведската конфедерација на професионални здруженија (SACO)
Шведската конфедерација на работници (TCO)

Како да се подготвите за интервју

Компанијата ќе ги разгледа вашите документи и доколку се заинтересира, ќе ве контактира за следниот чекор - фазата на интервјуто (intervju) во процесот на регрутирање. Работодавачот е веќе запознаен со вашите основни квалификации, а за време на интервјуто вие ќе имате шанса да го покажете својот ентузијазам за работата од „прва рака“ и лично да му се претставите на работодавачот. Немојте да се изненадите ако некои од поставените прашања не се директно поврзани со работата - бидете подготвени да зборувате за вашето семејство и за она што го правите во слободното време.

Ако аплицирате за работа во Шведска од странство, вашето прво интервју може да се случи преку телефон или видеоконференција (на пример, Skype). Ако сте поканети да дојдете во Шведска за интервју, имајте на ум дека за граѓаните на некои земји е потребна виза. За повеќе детали, погледнете ја веб-страницата на Агенцијата за миграција.

За време на интервјуто, работодавачот треба да ве запознае со преостанатиот процес при вработувањето. Во зависност од областа и видот на работната позиција, може да следуваат неколку интервјуа или тестирања.

Што е следно?

По интервјуто, работодавачот ќе ве контактира за да ви соопшти дали сте избрани за работата. Откако ќе ја добиете понудата за работа, државата чие државјанство го поседувате, ќе ги утврди вашите следни чекори. Побарајте информации за достапноста на работни дозволи за граѓаните на вашата земја на следниот линк