Генијален трик за да се заштитите од ограбувања на плажа

Ова е навистина генијално.

Додека вие само сакате опуштено да уживате на плажа, без грижи и размислувања, затоа што навистина го заслуживте тој одмор, крадците не мируваат и постојано наоѓаат начини како да се збогатат.

Плажите се непресушни подрачја за брзи и противзаконити заработки, а и обично сѐ се случува за миг и одеднаш сфаќате дека ви исчезнале паричникот, телефонот и останатите вредни предмети.

Ова е проблем со кој многумина се соочуваат, па затоа луѓето на Фејсбук почнаа да споделуваат една одлична идеја за да успеете да пливате и уживате без постојано да се грижите за работите.

Идејата е следната: Ги ставате паричникот, клучевите и останатите работи во детска пелена и ги завиткувате. Тие на прв поглед делуваат како искористени пелени и ретко кој крадец би посегнал по пелена, па затоа и мали се шансите дека нешто ќе им се случи на предметите.

Оригинално, зарем не?