Генерално чистење на скопската општина Сарај

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во текот на денешниот ден реализираа акција за генерално чистење на скопската општина Сарај.

Во рамките на акцијата, информираат од комуналното претпријатие, беше извршено рачно и машинско метење и миење на главните и на сервисните улици во општината.

Во реализацијата на активностите беа ангажирани 30 работници на терен, додека од механизацијата се употребуваа шест автоцистерни, мало комунално возило за рачно миење – ВАП, како и специјалните комунални возила – метларки, патарки и кипери.

Пред големиот муслимански празник Рамазан бајрам, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе и рачно миење на поголемите исламски верски објекти во оваа скопска општина.