Газираните сокови ни го скратуваат животот

Газираните сокови не се добри за здравјето, покажаа многу истражувања, а последно кое се појави, даде нови сознанија за овој штетен пијалак.

Имено, доволено е еден газиран сок дневно па да ја наруши работата на метболизмот за повеќе од третина, а резултатот е оној кој најмногу се плашите - правење масни наслаги околу внатрешните органи, попрецизно, дебелеење околу половината.

Покрај тоа, се зголемува и лошиот холестерол.  Долготрајното конзумирање на зашеќерени газирани сокови доведува до хиперактивност и менува повеќе стотици протеини во мозокот, додека лошата вест за повозрасните лица е фактот дека ја намалува густината на коските правејќи ги тенки и кршливи.

Има уште лоши вести- газираните сокови ги нагризуваат забите и предизвикуваат проблеми со бубрезите, а не се поштедени ни репродуктивните органи од штетното делување.