Газираните сокови го менуваат мозокот и влијаат врз однесувањето

Новите откритија покажуваат дека газираните сокови го менуваат мозокот и многу влијаат врз однесувањето!

Редовната консумација на газирани сокови полни со шеќер може драстично да го смени мозокот, стравуваат стручњаците. Најновите истражувања откриваат дека честото пиење на газирани сокови доведува до хиперактивност и до измени во мозокот.

Слични промени, како што објаснуваат научниците, се случуваат и кај болестите како карцином или Алцхајмер. Иако е истражувањето спроведено врз стаорци, австралиските научници сепак веруваат дека шеќерот во газираните напитоци многу слично влијае и врз човечкото здравје.

„Во повеќето западни општества е загрижувачки растот на количината во која се консумираат газираните сокови. Многу луѓе преку ваквите напивки внесуваат и огромен број на калории. Нашето истражување сега покажува дека газираните сокови влијаат врз промените во мозокот“,истакнал една од научниците, Џејн Френклин.

Заради сето ова, научниците советуваат што почесто да се пие вода, а што поретко газирани сокови што го менуваат мозокот и влијаат врз однесувањето.