Гази Баба во следните два дена ќе има проблеми со вода

Регионалниот центар за управување со кризи Скопје соопшти дека во понеделник и вторник можен е мал прекин на водоснабдувањето во населбата Гази Баба.

Како што информира РЦУК, повикувајќи се на известување од јавното претпријатие „Водовод и канализација“, почнувајќи од 9 часот ќе се започне со чистење и хлорирање на една комора од резервоарот Гази Баба.

– Со работа ќе се започне во периодот од 9 часот па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување во населбата Гази Баба. (општина Гази Баба), стои во соопштението.