Гази Баба со иницијатива за измена на законската регулатива во сообраќајот

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, заедно со претставниците на институции поврзани со безбедноста на сообраќајот одржаа состанок на кој се разгледуваше можноста за измена на законската регулатива во сообраќајот.

Безбедноста на учесниците во сообраќајот на територијата на оваа општина, била појдовната точка на состанокот, односно сообраќајните несреќи кои се случиле во изминатиот период. Па така, според заклучоците од состанокот, веројатно ќе биде донесена одлука за намалување на дозволената брзина на одредени улици кои се сметаат за критични. 

 Иако општина Гази Баба го има осветлено Регионалниот пат и има направено пешачки патеки, а обелжувањето го направи Македонијапат, се заклучи дека треба да се поднесе иницијатива за измена на сообраќајниот проект со дополнување на сообраќајната сигнализација. Потребно е да се поднесе иницијатива за измена на законската регулатива за казнените мерки, да се работи повеќе во делот на превенцијата во соработка со СВР и РСБСП, да се обележуваат тракторите со светлечки триаголници и да има почеста контрола на овој патен правец од МВР, се вели во соопштението од општина Гази Баба.

На состанокот присуствуваа и претставници од полицијата, ЈП за државни патишта, РСБСП и други граѓански здруженија.