Гази Баба ќе наградува најубаво украсен новогодишен двор

По повод новогодишните и Божиќните празници, се повикуваат жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме, со свој придонес во новогодишното украсување, повикуваат од Гази Баба.

За таа цел, општината обезбеди награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

Пријавувањето може да го направите на телефонските броеви 02/3212886; 075/435155, или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 25.12.2017 год. до 16,00 ч.

Податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисијата од општината ќе ги посети пријавените на 26.12.2016 год. по 17,00 ч.