Гази Баба ја активираше зимската служба

Општина Гази Баба ја активираше зимската служба за чистење на улиците од снежните врнежи. Од таму велат дека механизацијата е мобилизирана и подготвена да се активира во согласност со потребите.

Од локалната самоуправа информираат дека покрај чистењето на улиците од снежните врнежи, кризниот штаб подготвил и план за вршење на повторно рачно дезинфицирање на повеќе внатрешни објекти во надлежност на општината.

Градоначалникот Борис Георгиевски апелира до сите граѓани, да ги ослободат улиците од своите возила за да може механизацијата полесно да се пробива при чистењето.