Ганиу: Јас со мојот автомобил шетам низ Чаир, интервенирам и барам помош од МВР каде што забележувам групирање на луѓе

Во првиот ден во Чаир имаше два-три локали кои не ги почитуваа мерките, но сега се почитуваат мерките на Владата. Уште од раните часови има мала посетеност на граѓаните што доаѓаат со побарувања до општината. Без потреба не излегуваат и ги почитуваат сите мерки, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ градоначалнкиот на Чаир, Висар Ганиу.

Чаир добива помош од институциите, а чаирчани се доволно информирани за да се придржуваат до мерките.

-Ова е мое прво искуство како градоначалник и морам да кажам дека добивме огромна помош за општината од надлежните институции. Јас со мојот автомобил шетам низ Чаир и интервенирам и барам помош од МВР каде што забележувам групирање на луѓе. Но сега сметам дека веќе децата и родителите се доволно информирани и веќе нема проблем, изјави Ганиу.