Пролетта во Скопје ги разбуди оние кои сакаат да уживаат во сонцето, но и тие кои користат алтернативен начин на превоз во градот. Оваа пролет е поразлична од другите, затоа што донесе интересна новина во градот. Електричните скутери се вистинска атракција на која скопјани брзо се навлекоа. Тие секојдневно „летаат“ по скопските улици.