Можеби изгледаат како од филм за пролетниот распуст во Дејтона бич во САД, но овие фотографии се снимени многу поблиску до нас. И годинава, ова е местото каде никој не спие.
Зрче на островот Паг во Хрватска и годинава е прогласено за најлудо место на Јадранот. Местото каде сите сакаат да влезат е клубот „Аквариус“, каде годинава се организираат денски, афтер бич и ноќни забави, а во тек е и фестивалот „Црна овца“.
Ова е дел од годинешната атмосфера.