ГАЛЕРИЈА: Ова е плажата на Јадранот која секој сака да ја посети

Можеби изгледаат како од филм за пролетниот распуст во Дејтона бич во САД, но овие фотографии се снимени многу поблиску до нас. И годинава, ова е местото каде никој не спие.

Зрче на островот Паг во Хрватска и годинава е прогласено за најлудо место на Јадранот. Местото каде сите сакаат да влезат е клубот „Аквариус“, каде годинава се организираат денски, афтер бич и ноќни забави, а во тек е и фестивалот „Црна овца“.

Ова е дел од годинешната атмосфера.