Фудбалерите го прославија бодот: „Македонија, Македонија“ – ечеше во Словенија

Македонскиот национален тим освои значаен бод на гостувањето кај Словенија иако селектортот Игор Ангеловски смета дека нашите момци заслужиле победа. Мечот заврши без победник 1-1, но тоа не беше причина атмосферата во нашата екипа да падне.

Фудбалерите синоќа еуфорично го прославија бодот и не заборавија да ја поздрават Македонија.