Фродо од „Господарот на прстените“ доаѓа во Скопје (ВИДЕО)

Холивудската мега ѕвезда Илајџа Вуд, човекот кој веројатно најмногу го препознавате по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“, доаѓа во Скопје и на 19 ноември ќе одржи концерт со музичкото дуо во кое членува, Wooden wisdom. Концертот ќе се одржи во рамките на 15. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ кој започна од 10 до 19 ноември. Фестивалот традиционално го организира Младинскиот културен центар.

Елајџа во Скопје не доаѓа како актер, туку како диџеј. Актерот денес работи и како филмски продуцент и диџеј. На музичките сетови настапува со неговиот пријател Зак Коуви, а двајцата се познати како дуо „Вуден виздом“.

Познати се по добрите забави каде и да настапуваат. Дуото пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв.

Освен во „Господарот на прстените“, Елајџа глумеше и во вториот дел на „Враќање во иднината“, „Флипер“, „Длабок удар“, „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“, „Градот на гревот“. Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година.