Фрази кои треба секое утро да си ги кажувате пред огледало!

Знаеме, никој не го сака утрото.

Помислата дека треба да го напуштиме нашиот удобен кревет и да се соочиме со реалниот свет и обврската е истоштувачка. Да не е кафето, којзнае како би ги преживувале утрата. Но, во суштина се работи само за позитивниот пристап кон работите.

Секое утро може да ви биде прекрасно и позитивно. Потребно е само малку труд и мотивација. Обидете се секој ден пред огледало да ги повторувате овие фрази и многу бргу ќе забележите позитивна промена кај себе, но и одеднаш утрата нема да ви изгледаат толку тмурни!

1. Денес ќе сјаам и ќе бидам личност полна со позитивна енергија и среќа.
2. Јас имам премногу таленти и ќе почнам да ги користам почесто.
3. Заслужувам да слушнам „Благодарам“.
4. Си простувам себеси за сите грешки коишто ги имам направено и ќе научам нешто од нив.
5. Моите мисли се полни со позитивност и мојот живот е полн со можности.
6. Мојата способност да ги покорам сите предизвици е неограничена, мојот потенцијал за успех е бескраен.
7. Го почнувам овој ден со љубов, благодарност и мир.
8. Моето тело е здраво, мојот ум е брилијантен, мојата душа е спокојна.
9. Јас сум доволен/доволна.
10. Јас имам супериорност над негативните мисли и ниските дејствија.
11. Се што се случува сега, се случува за мое добро.
12. Јас сум духовно суштество.
13. Моите пречки се тргаат од мојот пат, мојот пат оди кон големина.
14. Моите стравови за утре едноставно се топат.
15. Јас сум помирен/а со се што ми се случило, се што се случува и се што ќе се случи.
16. И ова ќе помине.
17. Јас сум господар/ка на својот ум и јас одбирам да се фокусирам на позитивните работи околу мене, на прекрасните луѓе, на моќните лекции и на бесконечните можности.
18. Единствените ограничувања се оние коишто постојат во мојот ум.
19. Јас имам надеж и никогаш нема да ја изгубам што и да се случи.
20. Мојот живот допрва започнува.