Французинка ноќва правела хаос на аеродромот во Скопје

Ноќва околу 1 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром – Скопје, P.K.(36) со француска патна исправа и П.М.(46) од Скопје почнале да ги омаловажуваат полициските службеници кои преземале службени дејствија, а потоа и упатувале закани кон нив.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.