Франц Кафка: Ја сакам и не можам да разговарам со неа...

Иако повеќето луѓе секоја помисла на Франц Кафка ја поврзуваат со неговиот уморен и чуден свет од неговите приказни, големиот писател во своите дневници и писма оставил многу интимни записи за своите внатрешни немири и љубовни јадови. Многу од нив се совршен приказ за оттуѓените човечки односи кои особено земаа замав во децениите откако Кафка ги ставил на хартија.

Во продолжение прочитајте една прекрасна исповед од Франц Кафка...

„Ја сакам и не можам да разговарам со неа, ја следам за да не ја сретнам.

Сакав една девојка која ме сакаше и мене, но морав да ја оставам. Зошто? Не знам. Делуваше како да е опкружена со арсенал кој ги држеше копјата секогаш наполу вперени. И секогаш кога ќе и се приближев, налетував на острици кои ме рануваа и морав да се повлечам. Многу страдав.

Дали девојката  беше малку виновна за тоа?

Не верувам или дури и сум сигурен дека не беше. Споредбата од претходно не беше потполна, затоа што и јас бев опкружен со арсенал чии копја беа вперени во внатрешноста, кон мене. Секогаш кога ќе и се приближев на девојката, налетував најпрво на копјата на мојот арсенал, па така моето напредување уште тука запираше. Можеби никогаш не ни допрев до арсеналот на мојата девојка, па дури и ако сум допрел, тоа сум го направил кога веќе крварев од сопствените копја и без свест.

Дали таа девојка остана сама?

Не, некој друг продре до неа, лесно и не беше спречен од ништо. Исцрпен од сопствените настојувања, гледав на тоа онака рамнодушно како да сум воздух низ кој нивните лица при првиот бажнеж се навалиле едно на друго.“