Фотографија од соседството која ја разбранува јавноста: Службеничка решава крстозбор, додека на шалтерот чекаат стотина луѓе

 

Една од скоро објавените фотографии на социјалните мрежи се однесува на државна службеничка во општината Валјево во Србија која на работното место решава крстозбор додека на шалтерот чекаат повеќе од 100 луѓе.

Оваа фотографија разви остра дискусија и полемика во јавноста. 

Една од присутните која ја фотографирала службеничката посочува дека ова е секојдневна рутина на вработените во оваа општина, која постојано ги фрустрира присутните. Жената вели дека можеби е подобро службеничката да седи позади, барем да не ја гледаат.

Ситуацијата не е многу различна и во нашата администрација.