Фотографија од Скопје меѓу најдобрите на овогодинешниот IPPAWARDS

IPPAWARDS претставува светски натпревар на фотографии направени со ајфон, на која годинава учествуваат фотографи од 140 држави од целиот свет. Прогласувањето на победниците беше на 18 јули 2018 година, во Њујорк.

Оваа година една од најдобрите фотографии е направена во Скопје - во Градскиот Парк од Гордана Чавковска, која доби три пофалници во три различни категории: панорама, животен стил и дрва.

Сите три фотографии се наоѓаат во годишниот каталог на овој натпревар.