ФОТО: Започна Велигденскиот базар во општина Аеродром

Пред трговскиот центар „Капитол мол“ денеска започна Велигденски базар во организација на Општина Аеродром, ТЦ „Капитол мол“ и Занаетчиската комора на Скопје, кој ќе трае до 28.4.2016 година (четврток).

На базарот може да се видат креативни занаетчиски производи од членови на Занаетчиската комора, но и изработки од членовите на невладините организации за лица со посебни потреби на територијата на Општина Аеродром, меѓу кои Солем, Порака и Мобилност. Целта на велигденскиот базар е да се промовираат традиционалните вредности преку промоција на занаетчиски изработки како филигран, производи од дрво, плетиво, текстил, накит, разни украси, изработки од стакло и други рачни изработки.

Исто така, во рамки на базарот, кој ќе биде отворен секој ден од 10:00 до 20:00 часот, ќе се одржуваат и културно забавни активности на професионални аниматори, мини-концерти на етно-бендови и други познати пејачи, како и промоција на техники за изработка на велигденски украси.

air max 90 essential sale