ФОТО: Вардар доби ново клупско лого

Европскиот ракометен првак Вардар во иднина ќе има ново клупско лого.

Иако истото сѐ уште не е официјално објавено, можеше да се види на вчерашната дружба на ракометарите и навивачите на отворениот ден, на официјалниот банер што беше поставен во салата во СЦ „Јане Сандански“.

Се работи за додавање на звездичка на врвот од логото, со што се одбележува европската титула што ја освоија вардарци во Келн на почетокот на јуни. Тоа е пракса на сите европски прваци кои на тој начин го одбележуваат постигнатиот успех, а истовремено „им се дава до знаење“ на другите дека пред себе имаат европски првак.