Фото: Страшна сообраќајка вечерва на Партизанска

Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалку на булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол, во која неофицијално има и неколкумина повредени лица со тешки телесни повреди, објави порталот Пресс 24.

Несреќата се случи околу 21 часот веднаш до бензинската на Окта на партизанска каде четири моторни возила од засега непознати причини во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.

До несреќата според зборовите на очевидците кои на лице местото ги затекна екипата на Пресс24 дошло кога еден од возачите кој највероватно се претпоставува дека е матурант, од засега непознати причини удрил друго возило кое се движело во истата насока и каде двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.

На лице местото по несреќата веднаш дојде амбулантно возило и полициски патроли. Се уште булеварот не е расчистен за сообраќај и на терен е увидната полиција.

Повеќе детали за сообраќајната несреќа може да најдете тука.