Фото: Сообраќајна несреќа утрово во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа две моторни возила се случи утрово на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

Според информациите на очевидци во моментов сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента, односно лентата од Карпош кон Бит Пазар е затворена за сообраќај.

Повеќе информации за причината за сообраќајната несреќа и за евентуални повредени се очекуваат за текот на денешниот ден.

Фото: Ѕид на сообраќаен срам