ФОТО: Сообраќајка кај Љуц, двајца повредени

Сообраќајна несреќа во која две лица се повредени се случи околу 13 часот на улицата „Јордан Мијалков“ кај Љуц.

Од МВР за Курир велат дека во несреќата учествувале мотор и пешак.

Возачот на моторот и пешакот се пренесени во болница, едното лице во Ургентен центар, а второто во ГОБ „Св. Наум Охридски“. Засега нема подетални информации за нивната здравствена состојба.